top of page

Членство

Член на Здружението за РУРАЛЕН РАЗВОЈ НА СЕЛО ТУДЕНЦЕ с.Туденце, Јегуновце може да биде секој полнолетен граѓанин, државјанин на Република Македонија и/или странец, кој доброволно ќе пристапи кон Здружението со давање на писмена изјава.

Малолетно лице со наполнети 15 години се зачленува во Здружението со давање на потпишана изјава за согласност на неговиот законски застапник за зачленување, во согласност со Закон.

 

Зачленувањето на Здружението се врши со пристапница односно со издавање на членска книшка, која при исклучување или престанок на членувањето во Здружението, задолжително се враќа со потпишување на лична писмена изјава.

 

Здружението за РУРАЛЕН РАЗВОЈ НА СЕЛО ТУДЕНЦЕ с.Туденце, Јегуновце за своите членови води регистар на членство кој се ажурира еднаш годишно. Податоците од регистарот се заштитени во согласност со прописите за заштита на личните податоци и класифицирани информации.

 

Членовите на Зружението се должни:

  • да го почитуваат Статутот;

  • да присуствуваат на состаноците, да доставуваат податоци и извештаи за работата на Здружението во остварувњето на целите на Здружението;

  • да земаат активно учество во спроведувањето на Програмата на активностите на Здружението;

  • да ги извршуваат активностите предвидени со Програмата за работа.

 

Членството во Здружението може да престане:

  • по барање на членот,

  • ако не го почитува Статутот и обврските кои произлегуваат од него,

  • ако дејствува против целите на Здружението,

  • ако не ја плаќа редовно чланарината,

 

Одлука за престанок на членството во Здружението донесува Претседателот на Здружението.

Сите оние кои што сакаат да бидат членови на Здржението, можат да пристапат со потпишување на пристапница која може да ја најдете на странава подолу. 

bottom of page