top of page

Манастир Св.вмч.Георгиј Победоносец (VI век)

Манастирот Св.вмч.Георгиј Победоносец во с.Туденце се наоѓа на локалитетот Црквиште - Бучало и претставува најстарата трикорабна ранохристијанска базилика во Македонија (втора половина на VI век). Возобновена е на патрониот празник Ѓурѓовден на Мај 2012 година.

Старите темели на црквата се откриени на ден 07.02.2004 година, кога на сега покојниот Тихомир Крстевски на сон му се јавил светецот Ѓорѓи Победоносец, кој му рекол „сите ме газите, а никому не текнува да ме открие. Да појдеш, да ме откопаш и да ме осветиш“, посочувајќи му точно на кое место се наоѓа храмот. Тихомир почнал да копа и на длабочина од половина метар ги пронашол ѕидовите на некогашниот храм во пределот на олтарот. Подоцна му се придружиле и други жители на Туденце и под надзор на Музејот на тетовскиот крај, по речиси еден месец работа локалитетот бил расчистен. И Според професорот Виктор Лилчиќ, црквата потекнува од втората половина на VI век.

Црквата има два влеза, големиот кој е и главен на западната страна и малиот на јужниот дел. Откриена е мермерна пластика во олтарот. Манастирот е изградена на старите темели врз основа на проект изработен од Благоја Стојковски, виш конзерватор во Националниот конзерваторски центар. 

Историја

Во полошкиот регион се откриени 16 базилики, меѓу кои и базиликата во Туденце. 

Базиликата во Туденце, како што споменавме, е најстарата ранохристијанска базилика во Македонија. 

Се работи за развиен ранохристијански епископски центар. ваквото тврдење се поткрепува со постоење на крстилница во базиликата, како и фактот што само епископите имале право да изведуваат церемонии на покрстување на паганите во христијанството и да простуваат.

Во олтарниот дел на базиликата се пронајдени коскени остатоци, кои потекнуваат од епископ или пак од црковен великодостојник, што го потврдува фактот дека се работи за епископски центар.

Епископските центри во V и VI век имале статус на град, што може да се заклучи од Закон донесен од царот Зенон (474-475 и 476-491), кој изрично наредува да секој град има свој епископ.

Овие епископи ја имале сета власт во градовите: црковна, судска, административна, фискална воена итн.

Ваква базилика е пронајдена и утврдена во село Стенче (Општина Брвеница), во локалитетот Градиште со две базилики, три крстилници и цистерна.

Галерија

После 16 векови, прво крштевање во Манастирот Св.вмч.Георгиј Победоносец

Тихомир Крстовски (1940-2011)

Тихомир Крстовски е роден цо село Туденце во на ден 02.02.1940 година како второ дете на Палко и Живка Крстовски. Својот живот го поминал во Туденце, заедно со сопругата, двата сина и ќерката.

Работел како градежен работник.

На 07.02.2004 година на сон му се јавува светецот Ѓорѓи Победоносец, кој му рекол „сите ме газите, а никому не текнува да ме открие. Да појдеш, да ме откопаш и да ме осветиш“, посочувајќи му точно на кое место се наоѓа храмот. Тихомир почнал да копа и на длабочина од половина метар ги пронашол ѕидовите на некогашниот храм во пределот на олтарот.

Сонот на Тихомир беше изградба на манастирскиот комплекс, со оној изглед кој постоел во VI век. 

Иако сонот сакаше да му стане реалност, по кратко боледување почина на ден 04.11.2011 година на 72 годишна возраст.

Знаејќи ја желбата на Тихомир, иницијативниот одбор формиран во 2012 година за таа цел, со благослов на сега починатиот Митрополит Полошко-Кумановски г-дин Кирил, го започна возобновувањето на Манастирскиот комплекс Св.вмч.Георгиј Победоносец.

По смртта на Митрополит Кирил, вербата кон севишниот бог ја продолжи и Митрополитот Тетовско-гостиварски г-дин Јосиф.

Веднаш до оваа статија, во десниот дел проследете ја изјавата на Тихомир Крстовск поврзана со пронаоѓањето на Манастирот и сонот.

bottom of page