
За нас
Здружението за РУРАЛЕН РАЗВОЈ НА СЕЛО ТУДЕНЦЕ с.Туденце, Јегуновце е доброволно, непрофитно, невладино, непартиско здружение, формирано со слободно здружување на граѓаните заради остварување, заштита и усогласување на своите интереси и уверувања за унапредување на граѓанското општество и локалните заедници, како и заради вршење на дејности и активности за поттикнување на моралните вредности, зајакнување на меѓуетничките односи и економкси развој на територијата на Македонија и пошироко, а во согласност со Уставот и Законите во Република Македонија.
Здружението за РУРАЛЕН РАЗВОЈ НА СЕЛО ТУДЕНЦЕ с.Туденце, Јегуновце, дејствува на територијата на РМ, а се организира за подрачјето на Општина Јегуновце. Здружението во своето дејствување може да се проширува на национално и може да соработува со организации, здруженија, фондации и институции, и да членува во асоцијации во земјата и странство согласно Уставот и Законите на РМ и со неговиот Статут.
Основачи на здружението се: Дарко Котески, Милко Коцевски, Митко Крстовски, Радослав Ѓурѓовски и Душко Крстовски.
Мисијата на Здружението за РУРАЛЕН РАЗВОЈ НА СЕЛО ТУДЕНЦЕ с.Туденце, Јегуновце е привлечен, економски и конкурентен регион и одржлив развој на с.Туденце со препознатливо културно и природно наследство и висок квалитет на живот.
Визија на Здружението за РУРАЛЕН РАЗВОЈ НА СЕЛО ТУДЕНЦЕ с.Туденце, Јегуновце е подобра социјална средина за идните генерации преку развивање на рурални области развиени на одржлив начин, заштита на културното наследство, грижа за животната средина, ефикасно користење на обновливите енргии, енергетската ефикасност.
Органи на здружението
- претседател: м-р Дарко Котески
- зам.претседател: Душко Крстовски
- секретар: Милко Коцевски