
Црква Св.преп.мч-ца Параскева Римска - Св.Петка
Црквата Св.преп.мч-ца Параскева Римска - Св.Петка е селска црква во село Туденце. Започната е да се гради во 1871 година, а завршена во 1904 година.
На ден 10.08.1969 година, Црквата е осветена од страна на првиот Архиепископ на Македонската православна црква - Охридска архиепископија г.г.Досител.
Фрескоживописана е од зографот Јаков Радевиќ од Лазарополе во 1914 година, кој и до ден денес го има зачувано иконописот.
Црквата било предвидено да се изгради во многу помал габарит, но, кога месното население било во посета на Пашата во Ратае им напоменал дека црквата треба да ја изградат поголема затоа што селото ќе се проширува и треба да има поголема Црква, и дека доколку селото нема пари да ја плати градбата, ќе ја помогнел. Истото и го сторил плаќајќи со златници.
Црквата е отворена секој ден за сите благоестиви христијани.
Патрониот празник на Црквата е на 8 Август.
Галерија од осветувањето на 10.08.1969 година













Галерија од изградбата на Црквата 1871-1904
Галерија








