top of page

Комитите од четата на војводата Никола Панов - Гостиварчето сакале да присуствуваат на манастирскиот собир во Лешок во 1905 година, кој традиционално се одржувал секоја година на 28 Август на празникот Света Богородица. Браќата Јакуп и Пајазит кај Калиново ја забележале групата комити. Почнала долга престрелка при што Јакуп загинал, а Пајазит бил тешко ранет. Еден комита загинал, а неговите соборци го зеле и ноќта го погребале на селските гробишта во село Туденце. Слатинчани, помогнати од албанското население од околните села, се упатиле кон манастирот, а тетовскиот кајмакам ги предупредил да не влегуваат во него. Албанците дозволувале да влезе кој сака, а никој да не излезе, мислејќи дека комитите се таму. 

Повеќе за овој настан прочитајте на сторијата десно од овој текст (извор „Сто години од сардисувањето на лешочкиот манастир Св.Атанасиј, портал: Македонско сонце, 26.08.2005).

„Егумене, каде ти се комитите? Бре султанум, овде комити нема“

- сардисувањето на Лешочкиот манастир 28.08.1905 -

Антропогеографски истражувања на академик Јован Трифуновски

Јован Ф. Трифуноски (ВрутокГостиварско23 септември 1914 – БелградСрбија1 февруари 1997) бил еден од најпознатите македонски и српски антрополози и географи.

Трифуноски е роден во гостиварско-то село Вруток на 23 септември 1914 година. Негов татко е македонскиот комита Филип Трифунов Лулков.

Трифуноски е автор на многу дела. Има напишано книги како: Качаничка клисура, Горна Пчиња, Скопска котлина (6 книги), Кичевска Котлина, Кривопаланечка област, Горна Пчиња, Врањска котлина (2 книги), Скопска Црна Гора, Кумановска област, Струмички крај, Овчеполска долина, Областа на Бабуна и Тополка, Пиринскиот дел на Македонија и др.

„Полог, антропогеографска студија“ (565 страници) САНУ, 1976 година, која вклучува 142 на специјални населби е научно дело на Трифуновски, каде е обработено и село Туденце.

Подолу од овој текст е објавена галерија со делот за село Туденце.

bottom of page